Жолт чизкејк

popara7 октомври, 20121min00
torta

Потребни состојки:

  • 250гр мелена плазма
  • 125гр путер
  • 2 лажици мед
  • Кесичка ванилин шеќер
  • Половина лажичка цимет

За фил:

  • 500гр сирење
  • 4 јајца
  • 200гр путер
  • 200гр шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер

За прелив:

  • 400гр излупени праски
  • 100гр рибизли
  • 200гр шеќер
  • Кесичка ванилин шеќер
  • 2 лажици мед

Начин на подготовка:

Мелената плазма, растопениот путер, мед, ванилин шеќер и цимет добро измешајте ги и  со смесата обложете го подмачканиот сад. Жолчките и шеќерот изматете ги пенасто, додадете сирење и стопен, оладен путер. Белките добро изматете ги и лесно ставете ги со подготвеното сирење. Смесата распоредете ја по кората и печете 30 минути на 175 степени.

Излупените и исчистени праски варете ги со шеќер и мед за шеќерот да се растопи, потоа оставете да се олади. Тортата посипете ја со исчистени рибизли и подготвениот прелив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *