Потребни состојки:
За кора:
- 8 белки
- 200гр шеќер
- 150гр мелени ореви или лешници
- 1 лажица брашно
За фил:
- 8 жолчки
- 250мл млеко
- 150гр шеќер во прав
- 50гр пченкарно брашно
- ванилин шеќер
- 150гр путер
Начин на подготовка:
Изматете белки со шеќер, додадете ореви и брашно и од смесата испечете 6-7 тенки листови. Во млеко изматете шеќер и пченкарно брашно, додадете се во изматените жолчки, па додадете ванилин шеќер и на пареа направете жолт фил. Кога филот ќе се олади, додадете пенасто изматен путер и филувајте ја тортата. Последната кора од тортата премачкајте ја со бела глазура од шеќер. Со чоколадна глазура наполнете го шприцот и исцртајте ја тортата.