Потребни состојки:
250 гр путер
3 чешниња лук
Пола врзоп магдонос
Грст свеж босилек
Сол
Путерот ставете го во чинија да омекне на собна температура. Додадете ги исецканите магдонос и босилек, испасираниот лук, посолете и матете со миксер или блендер се додека состојките не се соединат. Префрлете го путерот на хартија за печење и направете ролат при што добро подврзете ги краиштата за да не протече. Ставете го во фрижидер за да се стегне.