Потребни состојки:
300 мл слатка павлака,
200 гр бела чоколада,
2 јајца,
2 жолчки,
1 пакетче ванилин шеќер,
5 супени лажици бејлис,
Павлаката ставете ја во фрижидер. Изрендајте го чоколадото на крупно ренде и стопете го на пареа. Паралелно исто така на пареа ставете ги јајцата, жолчките и ванилиниот шеќер додека не се добие густа пена. Тргнете ги од оган и поставете ги во поголем сад со студена вода и продолжете да мешате, додека се олади. Додадете ја стопената чоколада, ликерот и павлаката и внимателно мешајте. Исипете ја смесата во десертни садови и оставете ги најмалку 3 часа во фрижидер да се стегнат. Готовиот мус се сервира поросен со малку какао, рендано чоколадо или коктелни цреши.