Потребни состојки:
Сол
1 кафена лажичка квасец
4 јајца
450 гр кашкавал
300 гр кисело млеко
650 гр пченкарно брашно
Ги мешаме брашното, киселото млеко, јајцата, квасецот и солта.
Го додаваме ренданиот кашкавал и месиме околу 20 минути.
Оставаме тестото да отстои околу еден час.
Откако ќе порасне, го сечеме тестото на мали парчиња од кои правиме топчиња.
Повторно оставаме да отстојат, овој пат во садот за печење, околу 20 минути.
Печеме на 180-200 степени околу 40 минути.