Чоколаден десерт со рум

popara4 јуни, 20131min00
9

Потребни намирници:

100 гр црно чоколадо

3-4 супени лажици путер

2 јајца

2 супени лажици шеќер во прав

1 супена лажица рум

Овошје по избор за декорација (малини, јагоди, капини, боровинки)

Начин на подготовка:

Стопете го путерот заедно со чоколадото на пареа додека смесата не се изедначи.

Тргнете го садот од оган и мешајте уште 15 секунди. Додадете ги жолчките и румот додека истовремено мешате со миксер.

Откако смесата ќе се олади внимателно измешајте со шлагот кој претходно ќе го направите од белките и шеќерот во прав.

Исипете го чоколадниот десерт со рум во соодветни садови и оладете го пред послужување.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma