Суперјахтата на медисјкиот магнат Руперт Мардок, изненадно се појави во Дубровник, каде што сега е закотвена.
Јахтата “Vertigo”, одбрана за најдобрата мегајахта во светот во 2012 година од “World Superyacht Awards”, која е во сопственост на магнатот Мардок, од раните утрински часови е закотвена на пристаниште во Дубровник.
Суперјахтата е дизајнирана од познатиот Филип Брајанд, долга е 67 метри, а цената за изнајмување за една недела изнесува околу 26.000 евра.
Појавата на јахтата го привлече вниманието на медиумите кои се надеваат дека заедно со неа е дојден и самиот Мардок, затоа што по неколку дена на посета дошол и Бил Гејтс.
