ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1кг пилешко филе
* 200гр презла
* 100гр корнфлекс
* 100гр брашно
* 6 јајца
* масло за пржење
* сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Во еден сад ги мешаме јајцата, брашното, презлата и корнфлексот.
- Во смесата ги тркаламе тенко исечените парчиња пилешко и ги пржиме во врело масло.
- Откако ќе ги испржиме ги вадиме од тавчето и ги ставаме во тава за печење, по желба ставаме и неколку парчиња лимон.
- Ги запечуваме околу 15-20 минути.
- Сервираме со свежа салата или гарнир по избор.