Крокети од печурки и компири

popara26 март, 20131min00
11

Овој рецепт можете да го испробате за вечера или да се најде на трпезата кога очекувате гости. Брзо се подготвуваат, а највкусни се додека се топли.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 грама Презла

250 грама Печурки

малку   Магдонос

350 грама Компир

50 грама Кашкавал

малку   Вегета

100 грама Брашно

4   Јајца

ПОДГОТОВКА:

Компирот излупете и сварете го, па испасирајте (како за пире).

Печурките насецкајте ги ситно, издинстајте и добро исцедете ги од течностите.

Потоа соединете ги компирот и печурките, додадете ситно рендан кашкавал, 2 јајца, презла, ситно сецкан магдонос и зачинете по желба.

Масата добро измесете ја, направете крокети, извалкајте ги прво во брашно, па во изматените јајца и на крај во презлата, па пржете ги од сите страни додека не добијат златно-жолта боја.

Кога се готови, вадете ги на кујнска хартија да се исцедат од маснотијата.

Време за подготовка: 20 мин.

Време за готвење: 40 мин.

Добар апетит!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma