Потребни состојки:
7 јајца
14 лажици шеќер
12 лажици брашно
6 дл млеко
200 гр маргарин
Шеќер во прав
2 крем шлаг од ванила
Белките добро изматете ги со шеќерот, додадете го брашното и прашок за пециво, па од оваа смеса испечете кора. Кората откако ќе се олади, полејте ја со децилитар топло млеко.
За крем: Во жешко млеко полека додавајте ги изматените жолчки, шеќер и брашно и мешајте додека не се згусне. Кога ќе се згусне и олади, додадете го изматениот маргарин со шеќер во прав. Врз кората се додава овој фил, а врз него кремот од шлаг од ванила.