
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За премачкување
25гр путер
0.5 лажичиња лук во прав
0.5 лажичиња сол
ТЕСТО
0.5 коцки квасец
1 лажиче сол
500гр меко брашно
1 лажиче оцет
1 лажиче шеќер
300мл вода
Квасецот и шеќерот полиете ги со 1 лажица млака вода, па мешајте се додека не се се истопи.
![]()
![]()
![]()
Просеете го брашното, додадете сол, измешан квасец,вода и едно лажиче оцет.
![]()
![]()
![]()
![]()
Со лажица мешајте го тестото10-15 минути, додека не престане да се лепи. покриете го со пластична фолија и оставете го 1 час да надојде.
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
Ставете брашно на работната површина, ставете го тестото и врз него ставете брашно на горната страна. Премесете го тестото и поделете го на 4 еднакви делови, па од секој дел направете форма како на сликата. Потоа формата исечете ја на 6 еднакви делови, а од секој дел со дланките обликувајте топче, додавајќи по малку брашно доколку тестото ви се лепи за рацете. Наредете ги во плех предходно обложен со хартија за печење и повторно оставете ги уште половина час да нараснат.
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
Лепчињата печете ги во рерна загреана на 250 степени околу 12 минути, да добијат убава румена боја. на крајот истопете го путерот, додадете го лукот и сол, па премачкајте ги врелите лепчиња.
![]()
Пријатно!