Потребни состојки:
4 жолчки
50 гр шеќер
150 гр лешници
150 гр noisette чоколада
400 мл слатка павлака
Изматете ги жолчките и шеќерот. Подгответе сад со вода, малку поголем од оној каде ги матевте жолчките и шеќерот и ставете го садот со вода на шпорет да зоврие. На пареа мешајте ги жолчките и шеќерот околу 5 минути додека не се стегне смесата.
100 гр noisette чоколада стопете ја на пареа и измешајте ја со претходната смеса. Оставете малку да се излади.
За тоа време кратко пропржете ги лешниците и излупете ги. Смелете ги лешниците за да се добие густа каша.
Со миксер изматете ја слатката павлака. Кога ќе биде цврсто изматена додадете неколку лажици од неа во смесата со жолчки и чоколада, внимателно измешајте па потоа додадете ја и пастата од лешници. Сега сето тоа рачно измешајте го со остатокот од матена павлака додека добро не се соедини. На крај додадете и 50 гр крупно сецкана чоколада.
Смесата исипете ја во калап 30 по 10 см или некој сличен кој сте го обложиле претходно со најлонска фолија и да се остави во замрзнувач околу 5-7 часа.
Кога ќе биде доволно изладено се сече на кришки и се послужува. После вадењето од замрзнувач нека стои на собна температура околу 5-10 минути.