Нутела торта

popara2 април, 20131min00
9

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:

  • 180 грама брашно
  • 120 грама шеќер
  • 6 јајца
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 прашок за печиво
  • 4-5 големи лажици NUTELA

За фил:

  • 0.5 децилитри слатка павлака
  • 5 големи лажици NUTELA
  • По желба ореви, бадеми…

ПОДГОТОВКА:

Одвоете ги жолчките од белките на јајцата во посебни садови. Измиксирајте ги жолчките со пола од шеќерот, истото сторете го со белките. Подоцна на измиксираните жолчки додадете ја нутелата, 1/3 од шлагот од белки, полека додавајте брашно измешано со прашокот за печиво и на крај додадете го преостанатиот шлаг.
Смесата ставете ја во поширок сад за печење кој предходно сте го обложиле со хартија за печење и печете на температура од 180 степени Целзиусови 30 – 35 мин.
За тоа време направете го филот, со едноставно мешање на состојките.
Откако ќе се олади пандишпанот, исечете го на 3 еднакви делови. На секоја кора одозгора намачкајте NUTELA и потоа ставете по 1/3 од филот.
Тортата можете да ја прелиете со чоколадна глазура и украсите по желба (лешници, овошје…)