Овошни, карамелизирани, печени јаболкa

popara16 октомври, 201321min00
21

Состојки:

4 големи јаболка

50 гр. путер

50 гр. кафеав шеќер

2 заграби суво овошје (сецкани кајсии, суво грозје, вишни и сл.)

1 парче ѓумбир, сецкан

Рендана кора од 1 портокал

2 лажици течен мед

284 мл.слатка павлака

1 лажица шеќер во прав

1 прстофатмелени мешани зачини-каранфилче, цимет и сл.

2 големи лажици ракија или виски, по желба

Загрејте ја рерната на 180 ° C. Внимателно отстранете го јадрото од јаболката со остар нож. Бидете внимателни да не ги подели на половина. Распоредете ги на хартија за печење.

Загрејте го путерот и шеќерот во мало тенџере и измешајте ги со дел од сувото овошје, ѓумбирот и кората од портокал. Мешајте додека путерот не се стопи и сите зрна шеќер не исчезнат. Истурете ја смесата карамел во средината на јаболка. Останатото суво овошје -1/3 (една третина), измешајте го со медот и прелијте преку јаболката. Се печат во загреана рерна 20 минути.

Во меѓувреме, измешајте слатка павлака со шеќерот во прав и мешаните зачини. Ставете ракија или виски за посебен вкус, се разбира доколку сакате.

Секое јаболко се служи со голема лажица од направениот шлаг крем.

Имајте топло и слатко есенско попладне.