Овошни тарталети со шампанско крем

popara20 јули, 20131min00
12

Потребни намирници:

1/2 филџан шампанско

1/4 филџан шеќер

3 супени лажици шеќер во прав

100 гр путер

1 кафена лажичка прашок за пециво

пакетче ванилин шеќер

1/2 филџан студена слатка павлака

200 гр брашно тип 500

5 жолчки

Започнуваме со тестото за тарталетите – во сад ги исипуваме брашното, пецивото и шеќерот во прав. Кон тоа го додавеме путерот кој треба да е на собна температура. Откако ќе измешаме додаваме една жолчка, ванилата и три супени лажици студена вода. Продолжуваме да месиме оформувајќи топка од тесто. Го виткаме во фолија и го оставаме во фрижидер околу 30 минути.

Од тестото правиме мали топчиња кои ги оформуваме според формите за тарталети. Дното на кората го боцкаме со вилушка за да не се надигне при печење. Печеме во претходно загреана рерна на 180 степени до златиста боја.

Кремот – ги мешаме убаво со миксер останатите 4 жолчки со шеќерот, додека побели. После тоа се додава и шампанското. Откако смесата ќе се изедначи ја ставаме на оган со постојано мешање додека кремот не згусне.

Откако ќе се згусне тргнете го кремот од оган и оставете да се олади. Изматете ја павлаката и додадете ја во кремот.

Исипете крем врз секоја тарталета и украсете со овошје по желба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma