Палачинка со Шатоу сос – кралица на палачинките

popara7 октомври, 20131min00
10

Според врвните кулинари овие палачинки се највкусните палачинки во светот!!!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За палачинки:

3 јајца

125 милилитри млеко

125 грама брашно

Прстофат сол

За фил:

Орави (грамажата по желба) пропржени и сомелени

4 лажички шеќер

Малку изрендана кора од лимон или портокал

1 ванилин шеќер

Малку млеко

За Шатоу:

1 децилитар бело вино

3 јајца

50 грама шеќер

2 кесички ванилин шеќер

За декорација:

Шеќер во прав

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Изматете ги состојките за палачинки оставете ја смесата да отстои и испржете палачинки.

Оревите запржете ги на тивок оган, потоа сомелете ги и додадете го шеќерот, кората од лимон или портокал, ванилиниот шеќер и малку млеко ( млекото се става за да добите фил кој можете да го мачкате)

За Шатоу, одвојте ги белките од жолчките. Од белките и ванилиниот шеќер направете цврст шлаг. На пареа сварете ги жолчките заедно со шеќерот и белото вино. Кога смесата ќе стане воздушеста, тргнете го садот од пареа ( не смее да се превари бидејќи ќе се создадат грутки).

Сеуште топлата смеса од жолчки соединете ја со шлагот од белките.

Палачинките филувајте, посипете ги со шеќер во прав  и одозгора или отстрана ставате од Шатоу кремот.

Уживајте во привилегираниот вкус на кралските палачинки!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag