
Потребни намирници:
Сирење 75 гр,
Компири 1,4 кг,
Јајца 2,
Брашно 2 супени лажици,
Кромид 2 врзопи свеж,
Црн бибер,
Масло 2 и пол лажици,
Кисело млеко 7 и пол лажици,
Коријандер или магдонос по потреба,
Начин на подготовка:
Компирите се лупат и се рендаат на крупното ренде, исто и сирењето. Младиот кромид се сецка на мали парчиња.
Јајцата се мешаат со киселото млеко, брашното, солта, црниот бибер и коријандерот.
Сите компоненти се соединуваат и смесата треба добро да се измеша за да се изедначи. Во загреано тавче со масло се пржат палачинките при што се исипуваат со лажица.