Потребни состојки:
750гр броколи
4 домати со средна големина
Конзерва со туна во сопствен сос (360гр)
Рендан кашкавал
За сосот:
600мл млеко
60гр путер
60гр брашно
Подготовка:
Измијте ги броколите, раздвоете ги на цветови и ставете ги да се варат неколку минути. Откако ќе се сварат, добро исцедете ги и ставете ги во ватростален сад. Врз нив распоредете ја добро предходно исцедената туна, а на крајот врз целата смеса ставете ги доматите исечени на коцки. За сосот истопете го путерот, па додадете го брашното и мешајте. По неколку минути почнете полека да додавате млеко и варете на слаб оган додека смесата не стане густа. Со овој сос прелиете го зеленчукот и туната, нарендајте кашкавал и печете околу 40 минути на 180 степени.