НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
* 2 главици кромид
* 700гр компири
* 180гр кашкавал
* 160гр сланина
* 1 црвена пиперка
* 1 зелена пиперка
* 50гр печурки
* 1,5 чаша млеко
* сол
* бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Ги Вариме и ги лупиме компирите. Ги сечеме на коцки.
- Ја сечеме сланината и ја пржиме во тава без масло.
- Го сецкаме кромидот и го запржуваме во одделна тава, заедно со пиперките и печурките.
- Во голем сад ги мешеме сите состојки заедно и додаваме млеко, сол и бибер по вкус.
- Ги истураме во тава за печење, ги посипуваме со кашкавал и ги печеме во загреана рерна на 180-200 степени додека да поруменат.