ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 200мл вода
* бибер по вкус
* сол по вкус
* 100гр путер
* 20гр свеж рузмарин
* 500гр компири
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измијте ги и сварете ги компирите. Излупете ги и исечете ги.
Измијте го и исецкајте го рузмаринот.
Во тава ставете ги компирите, путерот, сол и бибер по вкус. Додадете вода.
Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 40 минути.
Додадете го рузмаринот, измешајте и вратете ја тавата повторно во рерна 10-15 минути.
Сервирајте како предјадење или како гарнир.