Потребни состојки:
3 главици кромид,
3 главици лук,
5 тиквици,
500 гр пилешко филе,
Бибер и зачин од сув зеленчук,
Црвен пипер,
Кечап,
Кисела павлака.
Запржете го кромидот во масло, додадете лук, измијте ги тиквиците, исечете ги по должина и издлабете ги за да се добијат форми налик брод.
Месото од тиквиците кое сте го извадиле од средина исецкајте го на коцки и додадете го во кромидот. Пилешкото месо сварете го, исецкајте го на коцки и додадете го во претходната смеса. Динстајте додека не испари целата вода, додадете зачин, црвен пипер и бибер. Наполнете ги тиквиците со оваа смеса, ставете ги во сад за печење и пред да ги ставите во рерна додадете кечап од горе. Кога тиквиците ќе бидат речиси готови, извадете ги од рерна, посипете ги со кисела павлака и вратете ги во рерна да се допечат.