Потребни состојки:
300-350 гр макарони, например фарфале (машнички),
4 супени лажици масло,
2 цели без коска пилешки гради и без кожа,
2 чешниња лук,
¾ чаша суво бело вино,
3 супени лажици павлака,
½ чаша течна павлака за готвење,
¾ чаша пармезан крупно изрендан,
2 супени лажици свеж магдонос.
Сварете ја пастата според инструкциите, процедете и оставете ја на страна. Посолете ги пилешките гради, загрејте 2 лажици масло во голема тава на средно висока температура.
Додадете ги пилешките гради и запржете ги додека не добијат златно-кафена боја од двете страни. После тоа исецкајте го месото. Додадете уште 2 лажици масло во тавата и исецкајте го лукот. Запржете го околу 1 минута, после што се додава виното кое се остава на слаб оган уште 2 минути.
Додадете ги двата вида павлака, како и сол и бибер по вкус, при што се меша постојано. Оставете сосот да згусне неколку минути. Ако стане премногу густ, може да додадете растворена пилешка коцка за супа. Кога сосот ќе биде готов тргнете го од оган. Додадете пармезан во тавата, и исипете го врелиот сос врз пастата. Додадете го пилешкото и магдоносот, исецкан на ситно.
Сервирајте и конзумирајте веднаш!