Потребни состојки:
– 500гр лиснато тесто
– 300гр младо сирење
– 200гр обарен спанаќ
– 80гр сланина во листови
– Сол
– 150гр кашкавал
Начин на подготовка:
Спанаќот ситно исецкајте го и измешате го со сирењето. Лиснатото тесто развиете го со сукало на тенок лист. Врз тестото ставете ги листовите сланина, премачкајте со смесата од спанаќ и сирење, ставете сол и завиткајте во ролат. Исечете го ролатот на кришки со дебелина од 2 сантиметри, направете погачици и ствете ги во плех. Погачиците печете ги во рерна загреана на 180 степени оклу 20 минути, а потоа извадете ги од рерната и ставете им од ренданиот кашкавал, па повторно ставете ги во рерна да се запечат околу 5 минути.