ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* бибер
* сол
* 1 лажица магданос сецкан
* 2 јајца
* 1кг сирење
* 1кг црвени пиперки
* 220гр сирење или урда
ЗА ПОХОВАЊЕ:
* лебни трошки
* 3 јајца
* брашно
* масло за пржење
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Испечете ги и излупете ги пиперките.
- Во голем сад измешајте ги добро сирењето, јајцата и магдоносот.
- Внимателно наполнете ги пиперките со смесата и нежно притиснете ги.
- Тркалајте ги во брашното, па во јајацата и на крајот во лебните трошки.
- Во голема и длабока тава загреете го маслото (околу 1см).
- Непосредно пред пржењето може да ги натопите пиперките уште еднаш во јајцата.
- Пржете ги пиперките од двете страни додека поруменат.