Полнети домати

popara13 август, 201318min00
9

Потребни состојки:

10 црни маслинки

3 китки магдонос

2 китки млад кромид

4 листови босилек

50 гр кашкавал

100 гр шунка

100 гр урда

100 гр сирење

2 јајца

4 големи домати

Ги миеме доматите и им ги сечеме врвовите како капаче. Ја вадиме внатрешноста со лажица.

Ги вртиме доматите за да се исцедат од сокот околу 15 минути.

Ја приготвуваме смесата за полнеж: кон биените јајца ги додаваме сирењето, урдата, исецканата шунка, младиот кромид, магдоносот и босилекот. Ги додаваме и маслинките исецкани на кругчиња без коски.

Ги ставаме доматите во тава и ги полниме со смесата. Од горе ги поросуваме со рендан кашкавал.

Во тавата додаваме околу 100 мл вода и печеме во претходно загреана рерна на 200 степени.

Ги сервираме топли поросени со свеж магдонос.

Пълнени домати

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag