Посна пица со маслинки и лук

popara2 мај, 20131min01
17

Недела на Велигденски пост и Вие сигурно сте во потрага по нешто вкусно а посно… токму ова е тоа што Вам вие потребно !!!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:

500 грама брашно

1 коцка свеж квасец

250 милилитри вода

2 лажички шеќер

1 лажичка сол

4 лажици маслиново масло

………………….

1 до 2 ( количината е по желба ) страка млад лук ( може и стар по желба)

Помала главица кромид

Сув рузмарин

5 лажици маслиново масло

Крупна морска сол

50 до 100 грама маслинки исчистени од семки

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Половина чаша вода загрејте ја и разметете го квасецот. Во сад ставете го брашното, додадете шеќер, сол, квасецот, остатокот на вода и маслиновото масло. Замесете тесто и оставете го да нарасне 45 минути на потопло место.

На плех за печење ставете хартија за печење, ставете го нараснатото тесто и со намастени раце развлечете го по целата површина на плехот за печење. Оставете уште 20 минути тестото да порасне.

За тоа време исечкајте ги маслинките, кромидот и лукот (доколку користите стар лук изгмечете го) додадете го маслиновото масло и ризмаринот.

По 20 минути исечканите намирници истурете ги врз тестото, посипете прстофат крупна морска сол и посната пица печете ја 15 до 20 минути на 210 степени Целзиусови.

Уживајте!!!

One comment

  • dj

    4 мај, 2013 at 04:11

    abe mili moi ova ne e pizza, se vika FOCACCIA

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag