Домашниот јаболков оцет е природен продукт кој е лесен за правење и има неверојатни лековити и диетални својства. Домашниот јаболков оцет ќе ви подари здравје. Навистина се прави подолго време но како резултат на тоа ќе добиете природен производ со висок квалитет и вкус.
Јаболката се сечат на парчиња но срцевината не се вади. Попарете ги со врела вода за да се покријат и да има над нив околу 3 см вода.
За еден килограм јаболка ви се потребни 300 гр мед или 200 грама шеќер плус 100 гр мед. Откако ќе го додадете и медот во јаболката промешајте добро за да се раствори.
Покријте го садот со два слоја газа и оставете го да стои десет дена во просторија со температура од 20-30 степени. Два до три пати дневно мешајте ја смесата со дрвена лажица.
После 10 дена смесата се цеди, а течноста се префрла во стерилен стаклен сад со широко грло. Врзете го грлото на садот со газа и оставете го да стои еден месец на температура од 20-30 степени. Откако ќе отстои се цеди низ ленена крпа и се исипува во шишиња кои добро се затвараат. Се чува во фрижидер.