Овој вкусен сендвич на скара е идеален за брз оброк, доцна вечера или парти…
Најважната компонента во оваа рецепта е кромидот.
Маслото се загрева, се додава малку бибер, малку сол и исецканиот кромид, кој треба да добие златно кафена боја. Додадете малку шеќер во смесата и мешајте уште 5 минути.
Исечете 2 тенки парчиња кашкавал и ставете ги на скара 3-4 минути, не заборавајте да ги свртите од двете страни, додека не добијат златно кафена боја.
Намачкајте две парчиња леб со путер и ставете го кашкавалот во средината. Додадете малку од кромидот и неколку листови кељ.