Потребни состојки:
500 мл вода
1 кг шеќер
Во тенџере ја вариме водата и шеќерот, додека се добие извонредно густ сируп. Капката да се двои кога ќе ја ставиме во студена вода.
Готовиот сируп го префрламе во подмачкана тава и мешаме брзо со дрвена лажица или месиме со раце. Сирупот започнува да побелува и преминува во мазно и тврдо тесто – фондан.
Совет: По желба можете да го обоите тестото со боја за храна или да го зачините за да добие мирис со ликер или рум.
Ако фонданот се расипе и не може да побели, му додаваме малку врела вода, повторно ја вариме и мешаме смесата, додека не се добие мазно тесто.