Шпанска калцона

popara30 март, 20131min00
4

Идеална замена за омилената пица.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:

500 грама брашно

Сув квасец

3 лажички масло за јадење

3 децилитри млака вода

Лажичка сол

Лажичка шеќер

За фил:

250 грама мелено месо

200 грама кашкавал

100 грама кечап

1 мала главица кромид

Малку чили или една помала пиперка ( по желба лута )

Оригано

Маслиново масло

НАЧИН НА ПОДГОТОТОВКА:

Замесете тесто од намирниците и оставете го околу 1 час да одстои и кога ќе се удвостручи пак замесете го..

На маслиновото масло запржете го кромидот, додадете го месото и ситно исечканата пиперка. Ставете малку вода и динстајте додека целата течност не испари.  Оставете го филот да се олади.

Тестото поделете го на делови во големина по Ваша желба ( во зависнот колкава сакате да биде калцоната).

Парчињата тесто растегнете ги. Едно по едно парче намачкај те го малку масло за јадење, кечап, фил, кашкавал и оригано. Добро преклопете ги краевите за да не дојде до излевање на филот. Редете ги во намерсен плех за печење.

Колцоните печете ги 20 минути на 200 степени Целзиусови.

Уживајте во вкусот !!!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma