Тестенини со печурки

popara28 јануари, 20131min00
testenini

Потребни состојки:

  • 500гр тестенини
  • 400гр шампињони
  • 100гр варен спанаќ
  • 100гр сецкани ореви
  • 150мл слатка павлака за готвење
  • чешне лук
  • магдонос
  • масло
  • сол
  • бел бибер

Начин на подготовка:

Шампињоните исечени на листови динстајте ги на загреано масло. Кога ќе испари течноста која ја пуштиле, додадете сецкан лук и сецкани ореви и кратко пропржете. Додадете слатка павлака, оставете да проврие и тргнете од оган. Помешајте варен спанаќ и сецкан магдонос и додадете сол и бибер. Тестенините сверете ги во посолена вода и исцедете. Послужете ги прелиени со сос од шампињони.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma