Без печење: Ледена чоколадна торта со бисквити

popara14 декември, 20141min00
17

Состојки:

3 пакетчиња шлаг крем од чоколадо

0,5 л чоколадно млеко

100 мл млеко

200 гр маргарин

150 гр чоколадо

100 гр шеќер во прав

2 жолчки

350 гр бисквити

Подготовка:

Изматете ги шлаг кремите со двете врсти млеко. Чоколадото стопете го, па оставете малку да подолади.
За тоа време изматете го маргаринот со шеќерот и жолчките, па на крај додадете го стопеното чоколадо.
Смесата истурете ја во изматениот шлаг крем и измиксирајте да се соедини.
Додадете ги бисквитите искршени на парчиња. Убаво измешајте и излијте ја смесата во калап обложен со најлон фолија. Ставете ја во замрзнувач неколку часа или преку ноќ за да се стегне. Се декорира по желба со рендана чоколада, шлаг, павлака и сл.

Тортата се чува во замрзнувач, лесно се сече откако ќе се извади и се служи студена.
 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag