
Состојки
● 4 јајца
● 250 гр „Нутела“
Приготвување
Чекор 1: обложете кружeн калап за печење со хартија за печење. Загрејте ја рерната на 180 степени. Изматете ги јајцата со миксер (5−10 минути).
Чекор 2: загрејте ја „Нутелата“ во микорпечка и полека додадете ја кон матените јајца. Мешајте постојано со миксер. Смесата треба да биде рамномерна и хомогена.
Чекор 3: налејте ја смесата во калапот за печење и печете 20–25 минути. Пред сервирање, оставете целосно да се излади.