Состојки:
- 250 гр. шлаг пена
- 1 чоколадо стопено на пареа со 2 лажици нескафе (нескафето прво растворете го со малку жешка вода, убаво да се стопи)
- 200 гр. потпечени сечкани ореви (може да ги замените со кикири, или да ставите помалку ореви)
- 1/3 маргарин
Подготовка:
Шлаг пената се мати со еден мал филџан вода.
Чоколадото се топи со маргаринот и нескафето, се остава да се излади, па се мати со шлагот и оревите. Смесата се остава неколку часа во фрижидер да се стегне, па се прават бомбици кои се чоколадираат.
Смесата е проблематична, многу е мека и се лепи. Доколку не може да формирате бомбици, додадете малку мелени бисквити или смесата ставете ја во силиконски калапи, претходно намачкани со чоколадо.