Состојки:
125 гр путер
1 чаша кафеав шеќер
3 чаши брашно
1 кафена лажичка цимет
1 кафена лажичка сок од лимон
2 кафени лажици сода бикарбона
½ чаша ореви
Подготовка:
Најпрво путерот се мати, се додава шеќерот, па по ред сите останати состојки. Оформете ги бисквитите од тестото и подредете ги во сад за печење обложен со хартија. Секоја бисквита украсете ја со орев. Бисквитите се печат 15 минути во претходно загреана рерна на 180 степени.