Домашно чоколадо со лешник и суво грозје

popara21 февруари, 20141min00
6

Потребни ви се:

  • 300 грама млеко во прав,
  • 100 грама какао,
  • 100 милилитри вода,
  • 250 грама маргарин,
  • 500 грама шеќер и
  • 1 ванилин шеќер.
  • масло
  • кокос, лешник, суво грозје

Подготвување

Помешајте го какаото со млекото во прав и погрижете се да не останат грутки. Потоа варете ги водата, маргаринот, шеќерот и ванилин шеќерот, се’ дури не се стопат. Помешајте ги состојки и продолжите да ги варите заедно. Кога целата смеса ќе се стопи, ставете ја во тепсија обложена со мрсна хартија за полесно да се извади или искористете било какви калапи, зависно од формата која сакате да ја постигнете. Сепак, не заборавајте да додадете масло во вашиот калап. Најдобро е чоколадото да го оставите да стои преку ноќ за убаво да се стегне, а ако сакате, можете да додадете и уште нешто, како на пример, кокос, лешник, суво грозје…пуштете ја имагинацијата да ве води.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag