Јаболко ролат

popara5 мај, 20141min00

Состојки:

  • 25   лажички ѓеќер
  • 50 грама шеќер во прав
  • малку   цимет
  • 30 грама ореви
  • 1   кора од лимон
  • 20 милилитри вода
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 120 грама брашно
  • 1000 грама јаболки
  • 5   јајца

Подготовка:

Рерната загрејте ја на 170 степени.

Поголем калап обложете го со пекарска хартија. Белките одвојте ги од жолчките, па изматете цврст снег, постепено додавајте вода со шеќер, додека шеќерот не се истопи.

Лесно измешајте ги жолчките, една по една, брашното и малку нарендајте лимонова кора.

Смесата излијте ја во подмачкан калап и печете 15-20 минути, само внимавајте премногу да не се испече.

Готовиот бисквит, заедно со печераската хартија пренесете го на работната површина или во кујнска крпа, па веднаш заролајте го заедно со хартијата за печење, оставете го да се олади. За тоа време излупете и изрендајте го јаболката.

Динстајте ги на тивок оган заедно со шеќерот, додека целиот сок не се редуцира.

На крајот додадете го циметот, мелените ореви и ванилиниот шеќер.

Додадете уште малку изрендана кора.

Ладниот бисквит одмотајте го, тргнете ја хартијата, па рамномерно премачкајте го со филот од јаболка.

Повторно завиткајте го во ролат, посипете со шеќер во прав, оладете, па сервирајте.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag