Состојки
1 главица карфиол, исечена на крупни парчиња
1 сладок кромид, исецкан
6 гранчиња мајчина душица
4-6 чешниња лук, излупени.
3-4 лажици маслиново масло
1/2 лажичка сол
1/2 лажички свежо мелен црн пипер
Подготовка
Загрејте ја рерната на 220 степени. Исчистете го карфиолот и исeцкајте го на парчиња. Во голема чинија промешајте го исецканиот кромид, гранчето мајчина душица, лукот и маслото. Посолете и побиберете, а потоа лесно протресете. Распоредете ја оваа смеса од карфиол во тава за печење и печете околу 30 минути. Превртете го карфиолот и од другата страна и додадете пармезан. Печете уште 10-15 минути. Служете го топло на собна температура.