Кнедли со јаболко

popara22 април, 20141min00
14

Состојки:

за 6 големи или повеќе помали кнедли:
3 – 6 јаболки
малку шеќер (по желба)
малку путер
сецкани бадеми

шербет:
1 шоља шеќер
1 шоља вода
1 кесичка ванилин шеќер
1/2 лажичка мелен цимет
2 лажици путер

тесто:
2 шољи брашно
1 кесичка прашок за пециво
90 gr путер, ладен и исечен на коцки
2/3 шоља млеко
прво направете го шербетот.

Подготовка:
Ставете го шеќерот, водата, ванилата и циметот во тенџерче и на шпорет да зоврие. Потоа тргнете го од шпорет, додадете го путерот, промешајте да се стопи и оставете го шербетот да се олади.

Излупете ги јаболките, исчистете ги од семки и исечете ги на кришки.

За тестото, измешајте го брашното со прашокот за пециво, додадете го путерот и мешајте со блендер за тесто или со прсти додека не се добијат трошки, па додадете го млекото и измесете го сето тоа во рамномерно тесто.
Исукајте го тестото цело, на околу 5 mm дебелина, па поделете го на 6 дела. Или, полесно, поделете го на 6 дела, па секој исукајте го, ставете неколку кришки јаболко во средината, посипете ги со малку шеќер (или не – излегуваат прилично благи, па овој шеќер може да се изостави) и ставете парченце путер врз нив. Намачкајте ги рабовите од тестото со вода или млеко, преклопете ги како плико и притиснете малку да се залепат.

Наредете ги кнедлите во тавче, прелијте ги со шербетот и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200°C околу 25-30 минути. Потоа посипете ги со сецкани бадеми и вратете ги да се печат уште 10тина минути.
послужете ги топли.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma