Состојки
- 4 јајца
- 200 гр. шеќер
- 2 ванилин шеќер
- 1 чаша млеко
- 1 чаша зејтин
- 3 чаши брашно
- 1 прашок за пециво
- 50 гр. кокос за белиот дел
- 3 лажици какао за кафеавиот дел
- 1 парче кора од лимон за кафеавиот дел
- 1 парче кора од портокал за кафеавиот дел
- шеќер во прав за посипување
Упатство
Јајцата, заедно со шеќерот и ванилата, убаво се матат, па се додаваат млекото и зејтинот. Потоа се додава брашното со прашокот за пециво и понатаму се меша со лажица, додека не се изедначи смесата. Смесата се дели во два сада. Во едниот се додава кокосот, а во другиот какаото и кората од лимон и портокал (за поинтензивен вкус може да ставите кора од лимон или портокал, сецкана на коцкички и сварена во густ шербет, на пример како кандирано овошје). Светлата смеса се истура во намастен и набрашнет куглов (наместо куглов може да користите и тавче број 28 или 30, па сечењето парчиња да биде по избор, пример: баклави, коцки, правоаголници). Потоа врз неа се истура и темната смеса (нерамномерно се истура, формирајки неправилна линија). Се пече во загреана рерна, околу 20 минути. При сервирање се посипува со шеќер во прав.