Крофни со мармалад

popara4 мај, 20141min00
23

Состојки:

  • 50 грама Шеќер во прав
  • 100 грама Шеќер
  • малку   Сол
  • 10 милилитри Рум
  • 100 грама Путер
  • 200 милилитри Млеко
  • 200 грама Мармалад
  • 1   Кора од лимон
  • 1   Квасец
  • 500 грама Брашно
  • 1   Белка
  • 2   Јајца

Подготовка:

Свежиот квасец изронете го во еден помал сад, посипете со малку шеќер и прелијте го со топлото млеко, па оставете го на топло да се надигне и да се направи пена.

Во друг подлабок сад просејте го брашното, а во средината направете длабнатина, па ставете го надигнатиот квасец, малку сол, јајцата, шеќерот, путерот исецкан на мали коцкички, румот и ренданата кора од лимон.

Сето тоа со лажица убаво измешајте го за да се соедини, па со миксер матете додека не почнат да се создаваат меурчиња.

Оваа смеса (тесто) прекријте ја со кујнска крпа и оставете на топло да стасува од прилика 1 час.

Стасаното тесто, премесете го на работна подлога, па расукајте го на дебелина од околу 7-8 мм.

Со еден кружен калап за крофни направете кругови, а на половина од нив ставајте по една лажичка мармалад, рабовите малку пемачкајте им ги со белка, а со преостанатата половина преклопете.

Крофните прекријте ги со кујнска крпа и оставете ги да отстојат уште половина час.

Потоа пржете ги во веќе загреното масло, најпрво од едната, а потоа и од другата страна (по 2 минути од прилика).

Готовите крофни вадете ги и ставајте ги на еден сад прекриен со кујнска хартија за да ја впијат маснотијата, а додека се топли посипете ги со шеќер во прав.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag