Потребни состојки:
– 2 јајца
– 2 кесички ванилин шеќер
– 1 дл млеко
– 1 дл слатка павлака
– 150 гр бела чоколада
Подготовка
Изматете ги жолчките со ванилиниот шеќер и варете ги на пареа неколку минути. Оставете ги да се изладат. Загрејте го млекото, па во него ставете ја чоколадата да се растопи. Изматете ги белките, и во посебен сад изматете ја слатката павлака. Соединете ги сите смеси во една и ставете ги во калапи. Ставете ги во замрзнувач и послужете ги додека се ладни.