Ледени чоколадни коцки без брашно, без печење

popara13 февруари, 201417min00
12

Состојки:

100 гр чоколадо за готвење

150 гр црно чоколадо (70% какао)

600 мл слатка павлака

20 гр шеќер во прав

4 лажици сок или ликер од портокал

1 кафена лажичка кора од портокал

100 гр ситно искршено чоколадо за готвење

Подготовка:

Слатката павлака се мати, во шлагот се додава шеќер во прав, сок и рендана кора од портокал, и чоколадото стопено на пареа.

Добро изматете со миксер, па додадете го и искршеното чоколадо.

Смесата се префрла во калап обложен со пластична фолија и се остава во замрзнувач 3 часа.

Колачот превртете го на тацна, па потурете го со чоколаден прелив кој се подготвува од чоколада стопена на пареа со додаден путер. Колачот треба да отстои повторно во фрижидер пред послужување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag