
Состојки
40 гр. кашкавал рендан
1 лажица магдонос ситно сецкан
1/4 лажичка бибер
1/2 лажичка сол
200 гр. тиквичка сецкана
60 гр. путер
6 јајца
3 печурки сецкани
2 пиперки жолта и црвена, сецкани
1 кромид мал, ситно сецкан
Подготовка
Во голема тава растопете го путерот. Пржете ги кромидот, печурките, пиперките и тиквичката додека не омекнат. Загрејте ја рерната на 200 степени. Во сад изматете ги јајцата со сол и бибер. Додадете ги јајцата во зеленчукот и оставете да се пржи 5-6 минути. Попрскајте одозгора магдонос и кашкавалот и ставете ја тавата во рерна. Печете околу 5 минути додека не се стопи кашкавалот.