Лукумадес

popara26 ноември, 201418min00
11

Потребни состојки:

3 филџани брашно

7 гр сув квасец

2 филџани вода

1 филџан шеќер

Малку сол

1 јајце

Масло за јадење

Мед, ореви и цимет за гарнирање

Начин на подготовка:

Растворете го квасецот во ½ филџан топла вода и додадете го шеќерот. Почекајте да се крене и да се формира капаче. Во сад исипете го брашното, едно јајце, малку сол, останатиот дел од топлата вода и веќе растворениот квасец. Измешајте добро. Покријте го садот со влажна крпа и оставете да отстои еден час. Кога смесата ќе се надигне, загрејте во длабок сад или тенџере доволно масло, така да мекиците пливаат во маслото. Со помош на лажица земајте од смесата оформувајќи топчиња кои потоа ги потопувате во врелото масло. Готовите лукумадес можете да ги полеете со мед, мелени ореви и цимет.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag