Овој интересен рецепт е наменет за љубителите на ароматичниот вкус на лукот.
Мајонезот од лук е вистински специјалитет, одлично одговара со секое јадење, а предноста на вака подготвениот лук е во тоа што во секое време ќе ви биде на дофат, без постојано да чистите, сечкате или толчите лук.
Може да стои подолго време во фрижидер, па слободно посегнете по тегличката, уживајте во вкусот и внесете дневна доза здравје.
Потребни состојки:
3 главици
1 дл. маслиново масло (може и обично)
сок од пола лимон
малку сол
По потреба сразмерно зголемете ја или намалете ја дозата.
Подготовка:
Исчистениот лик ставете го во блендер или истолчете го со малку сол. Префрлете го во пластичен сад, па матете го со миксер со постепено додавање на маслото и сокот од лимон. Со текот на матењето смесата ќе се згуснува и ќе добива текстура слична на мајонезот.
Се чува во фрижидер, во стаклена тегличка.
Уживајте во вкусот на мајонезот од лук и слободно намачкајте го и на парче потпечен леб!