Потребни состојки за два коктели:
– 2 шолји ситно исецкани парченца диња (смрзнати)
– 120 мл текила
– 3 лажици шеќер
– 2 лажици сок од лајм
Подготовка:
Во блендер ставете ја смрзнатата диња, текила, шеќер и сок од лајм. По потреба може да додадете текила и шеќер. Сипете ја течноста во чаша која претходно ја намокривте и потопивте во шеќер. Декорирајте со парчиња овошје.