Маринирано сирење

popara22 април, 20141min00
13

Состојки:

1 пакување камембер
3 чешниња лукче, исецкани на тенки ливчиња или на мали коцкички
1 помал кромид, исечен на тенки кришки
2 листа сув лорбер
1/2 лута чили пиперка, исечена на кругчиња
1 лажиче оригано
10-тина цели зрна бибер (јас ставив цела кесичка)
1 лажиче црвен пипер
1 лажиче буковец
сончогледово масло

Подготовка:
Исечете го сирењето на парчиња, на што помали за да примат што повеќе од зачините и да бидат позгодни за јадење.
Измешајте ги полека парчињата сирење со лукчето, чили пиперката, ориганото, биберот, црвениот пипер и буковецот.
Во стерилизирана тегла (извриена 10 минути во тенџере со вода) ставете еден слој парчиња сирење со зачините, па кришки кромид, па пак сирење, кромид, сирење, кромид додека не ја наполните теглата. Негде помеѓу ставете ги листовите лорбер. Целата оваа количина ја собира во тегла од пола литар. Потоа наполнете ја теглата со масло, добро затворете ја и ставете ја во фрижидер. Треба да отстои најмалку 3 дена пред да се јаде.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma