ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 децилитри масло
ЗА ФИЛОТ:
200мл павлака
200гр шунка
ЗА ТЕСТОТО:
0.50кг брашно
200мл млеко
1 лажица сол
7гр сув квасец
2 жолчки
300гр компири
3 лажици масло
ПОДГОТОВКА НА ТЕСТОТО
Излупете го компирот и ставете го да се вари. откако ќе се свари, исцедете ја водата и испасирајте го.
Во брашното додадете едно лажиче сол и сувиот квасец и добро измешајте.
Одвоете ги жолчките од белките, па додадете ги жолчките во садот со брашно.
Додадете го маслото, пасираниот компир и млекото.
Замесете тесто, обликувајте го во полутопка, покриете го со чиста крпа и оставете го да стои на топло место околу45 минути.
ПОДГОТОВКА НА ФИЛОТ
Исечете ја шунката на ситни коцки, додадете ја во садот во кој предходно сте ја изматиле павлаката и добро измешајте.
ПОДГОТОВКА НА ПИРОШКИТЕ
Ставете малку брашно на работната површина и премесете го тестото.
Направете кора со дебелина околу 8 милиметри и исечете ја на правоаголници со големина 12×8 сантиметри.
Ставете му фил на тестото по должина и завиткајте го во ролна.
Внимавајте добро да ги залепите ивиците на пирошката за да не се распадне.
Загреете го маслото и пржете ги пирошките 10 минути да добијат убава златна боја. Одвреме навреме превртувајте ги за да се испржат рамномерно од сите страни.
One comment
Гордана
14 август, 2013 at 22:26
Највкусните пирошки се навистина највкусни…!