Состојки:
За тесто:
4 јајца
4 лажици шеќер
4 лажици мелени ореви
4 лажици чоколадо во прав
4 лажици брашно
½ пакетче прашак за пециво
Крем:
6 жолчки
500 гр шеќер во прав
350 гр маргарин
300 гр нутела
16 лажици ореви
2 пакетчиња ванилин шеќер
Останато:
50 гр чоколада за готвење
3 лажици масло за јадење
Начин на подготовка:
1. Изматете ги јајцата заедно со шеќерот, чоколадата во прав, оревите, брашното и прашокот за пециво. Тестото поделте го на 3 дела и еден по еден поставете ги во плех поросен со брашно и печете на 200 степени 25-30 минути.
2. Жолчките изматете ги на пареа заедно со шеќерот и ванилиниот шеќер, додадете го маргаринот, нутелата, оревите и поделете ја смесата на 3 дела.
3. Поставувањето оди по следниот редослед: кора-крем-кора-крем-кора-кремот да биде најгоре. Стопете ја чоколадата заедно со маслото и внимателно премачкајте го кремот од горе. Ставете ја тортата во фрижидер неклоку часа пред сервирање.